еМагазин
Македонија

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривична пријава до ОЈО против претседателот и членовите на ДИК

Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) против претседателот и членовите на Државната изборна комисија (ДИК).

Кривичната како што стои во соопштението од Коалицијата е против „Oливер Дерковски од Скопје, претседател на Државната изборна комисија и останатите членови на комисијата (Дитмире Шеху – потпретседател на ДИК; Јанакие Витановски – член на ДИК, Елизабета Постоловска – член на ДИК; Енвер Саљихи-член на ДИК; Радица Ристеска – член на ДИК и Борис Кондарко– член на ДИК), поради постоење на основано сомневање дека пријавените сториле кривични дела според член 178 од Изборниот законик (повреда и злоупотреба на избирачкото право; повреда на слободата на определувањето на избирачите и извршена измама) казниви според член 160 став 2; член 164 став 2 и член 165 од Кривичниот законик“.

Од таму детално објаснуваат зошто е поднесена кривичната пријава:

“И покрај уредното доставување и примените листи од страна на ДИК на кандидати за пратеници во сите шесте изборни единици за вонредните парламентарни избори во 2020 од страна на подносителот политичката партија Единствена Македонија под назив Коалиција “Никогаш северна само Македонија”, на гласачкото ливче наместо официјалното поднесено и прифатено име на Коалицијата стои име на политичката партија Единствена Македонија.

На овој начин избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа Коалиција која ја сочинуваат неколку субјекти (политичка партија Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерни на ВМРО 1990 год) со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите како и измама на избирачите сé со цел да не гласат за реален учесник на изборите.

Со овие дејствија претседателот и членовите на Државната изборна комисија сториле стек кривични дела според член 178 од Изборниот законик, а кои се казниви одредбите од Кривичниот законик поточно 160 став 2; член 164 став 2 и според член 165 од Кривичниот закони“, велат од Коалицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица најави тужби до Управен суд, бидејќи ДИК ги отфрли нивните 1.982 приговори

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе ја следи доставата на решенија за изолација

Редакција

Средба Османи-Захариева: Неопходно С. Македонија да ги признае историските реалности

Редакција

Власта не ми помогна да избегам, вели Груевски

Редакција