еМагазин
Image default
Локално

Со семејството бил на излет: Во езерото Подлес се удави 51-годишен жител на Градско

Во водите на вештачкото езеро вчера доцна попладне, околу 18 часот, се удавил 51-годишниот Т.М жител на Градско.

Тој со семејството бил на излет покрај езерото, влегол да се излади, но се удавил, а по некое време неговото тело било на површината на водата, потврдија од СВР Велес.

Како што информира за МИА, д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом, нивна екипа на Итна помош околу 18 часот била повикана кај Подлешко езеро. Кога стигнале, телото веќе било извадено, а тие констатирале смрт поради давење во вода. Увид во настанот направила екипа на СВР Велес.

Како што информира за МИА, Гордана Тодорова од ОЈО Велес, нема да се врши обдукција, а телото било предадено на семејството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападната ученичка од ОУ „Наум Наумовски Борче“

Редакција

Наставникот од Струмица обвинет за полов напад врз дете во притвор, разрешен директорот на училиштето

Редакција

Кавадарчанец ја принудувал малолетната девојка на проституција

Редакција