еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Царините на САД најмногу ќе ја погодат работата на странските фабрики во земјава, велат од Finance Think

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царини има значајни импликации врз глобалната трговија и може да предизвика промени во меѓународните економски односи, велат од Finance Think.

„Нашата трговија со САД е ограничена, главно поради географската оддалеченост. Во 2024, извозот во САД како удел во вкупниот извоз изнесуваше 1,4%, што е многу мал удел. Од таа гледна точка, директните ефекти од зголемените царини ќе бидат многу мали.

Повеќе од половина од извозот кон САД во 2024 се однесувал на групата машини и транспортни уреди, во кои доминантен дел (две третини, или 38.3% од целиот извоз кон САД) преставува извоз на автобуси и слични моторни возила.

Скоро 90% од извозот кон САД во 2024 година е концентриран во 20-тина производи, при што освен автобусите кои имаат доминантно учество, уште неколку производи јасно може да се сврзат со работата на странските фабрики во ТИРЗ-овите.

Нивниот удел во вкупниот извоз кон САД изнесува најмалку 55%, односно околу 0.7% од вкупниот македонски извоз.

Оттука, иако вкупниот директен притисок од американските царини за македонскиот извоз е многу мал, поголем дел од него ќе падне врз работата на странските фабрики во земјава.

Царините ќе влијаат врз вкупните трошоци на фирмата-мајка, што ќе се одрази и кај нас, во негативни сценарија преку т.н. каскадни ефекти на намалено производство и работни места.

На пример, групацијата на најголемата странска фабрика во земјава, Џонсон Мети (околу 12% од вкупните приходи од продажба генерирани во Северна Македонија), има изложеност кон пазарот во Северна Америка од 28%, што претставува значаен удел.

За групациите на останатите фабрики во ТИРЗ-овите нема доволно-расчленети и лесно-достапни податоци, но, на пример, Дрекселмаер (треторангиран странски инвеститор во земјава), известува за 3 од вкупно 59 производни локации кои се наоѓаат во САД, додека Кромберг и Шуберт (второрангиран странски инвеститор) нема значајна изложеност кон САД,“ се вели во соопштението на Finance Think.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царините на САД за Европа, ќе го намалат растот на економијата и ќе ја зголемат инфлацијата

САД воведоа 33% царини за увоз од Македонија

Одлуката на САД за царините, нема да има голем импакт врз нашата економија, велат од Влада

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Побарана екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани од Обединетите Арапски Емирати

Редакција

Казината „Принцес“ и „Фламинго“ и „Конти Хидропласт“ оствариле поголем приход од сите гевгелиски компании заедно

Редакција

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Павловски, сопственик на Рамбл, каде акционери се и новиот американски министер за економија и новиот потпретседател на САД

Редакција