еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Четворица српски полицајци ќе патролираат во Охрид за време на туристичката сезона

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на дводневната посета на Србија оствари билатерална средба со српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, информираа од Министерството за внатрешни работи.

На средбата, македонскиот и српскиот министер разговарале за унапредување на соработката помеѓу двете министерства во областа на граничната соработка, борбата со организираниот транснационален криминал, како и заеднички обуки меѓу полиции.

„За нас е од круцијално значење, заеднички да делуваме против криминалните групи, со цел да можеме да се справиме со организираниот криминал. Разговаравме и за подобрување на соработката во делот на граничните премини. Оценивме дека можеме да ја подобриме фреквенцијата на возила на граничниот премин.

Се договоривме да формираме една работна група која и претходно постоела и се надеваме дека за краток временски период ќе даде резултати кои ќе ги доведат граничните проверки на една позиција, а не на две како што е сега. Во превод, да го примениме „one stop“ системот, за проверка на нашите државјани“, рекол меѓу другото министерот Тошковски.

Тој најави дека заедно со колегата Дачиќ, како дел од одличната соработка на двете полиции е договорено четири српски полициски службеници за време на месец август да бидат присутни во регионот на Охрид, каде има голем број српски државјани како туристи.

Дачиќ, исто така потенцирал дека фокус на средбата било обновувањето на работната група помеѓу двете полиции кои треба да ги олеснат процедурите на граничните премини особено на ГП Табановце каде фреквенцијата е најголема.

„Основната идеја е да ја направиме и повторно да ја активираме оперативната група која треба да се занимава во поедноставување на процедурите кои постојат на тој граничен премин, за навистина да имаме една контрола. Зборувам за граѓаните, а не за транспортот на стоки со камиони и слично. Идејата е тоа да го поедноставиме за да излеземе во пресрет на граѓаните“, истакнал министерот Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски и Дачиќ со апел до туристите да возат одморени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 74 оздравени пациенти од корона вирусот

Редакција

„Скопско куче дава поени или да мењам документи на скопски?“: Твитер реакции за Правилникот на Општина Тетово за надоместок од каснување од бездомни кучиња

Редакција

Брачен пар и татко со две деца од Македонија заглавени во Газа

Редакција