еМагазин
Image default
Локално

Штипската болница доби нова медицинска опрема

Клиничката болница во Штип доби нова медицинска опрема – лапараскопска и ендоскопска опрема, нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди и цисто-уретроскопски сет.

Новата лапараскопска и ендоскопска опрема во вредност од 11 милиони денари е набавена од Министерството за здравство.

Станува збор за апаратура што ќе ја користат специјалистите на хируршко, неврохируршко, ортопедско и уролошко одделение за минимално инвазивни процедури.

Ова ќе допринесе за помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, пократок престој во болница, побрз опоравок на пациентите, како и многу подобри резултати отколку отворените хируршки интервенции.

Набавен е и нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди за испитување на абдомен и тироида во вредност од 2.5 милиони денари.

Со пари од буџетот на Министерството е обезбеден и цисто-уретроскопски сет во вредност од 433 илјади денари.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова услуга за сметките за вода во Скопје: Скенирај и плати брзо без провизија

Редакција

Две девојчиња повредени на роденденска забава во струмичко откако врз нив паднала лулашка

Редакција

ЈСП: Од утре зголемен број автобуси на одредени линии во Скопје

Редакција