На друштвата ДС Смитх АД Скопје и РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје,им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на финансиски план за 2025 година и необјавување на образложение за истото, со што издавачите не постапија согласно член 42, став 1 и 2 од Правилата за котација, информираа од Берзата.
-На друштвото ЗК Пелагонија АД Битола, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на финансиски план за 2025 година, со што издавачот не постапи согласно член 42, став 1 од Правилата за котација, велат од таму.