еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ќе остане ли утре Скопје повторно без јавен превоз, автобусите на ЈСП нема да возат

Скопје утре повторно може да остане без јавен превоз.

Од Синдикатот во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, за утре најавија дека автобусите на ЈСП нема да возат, бидејќи не добиле плата за декември. Бараат и редовна исплата на платите за годинава.

Во Синдикатот според последните официјални информации се разгледува можноста за пуштање во сообраќај по еден автобус на сите линии за превоз на основците и средношколците, бидејќи утре започнува второто полугодие.

Пред година и половина, Скопје првпат во историјата остана без јавен превоз, бидејќи и тогаш како и сега, вработените штрајкуваа поради неисплатени плати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобусите на ЈСП утре ќе возат до 9 часот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешки “Кристал 1923“ ги објави платите на членовите на Одборот на директори

Редакција

Од сабота струјата поскапува за 9,48%, се укинува и дневната евтина тарифа

Редакција

Препораки за одредени категории на граѓани поради топлотниот бран

Редакција