еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград, какви се цените

Светски познатиот британски готвач Џејми Оливер отвори ресторан во Белград, “Jamie’s Italian“.

Во ресторанот како што пренесуваат српските медиуми главно се нудат италијански специјалитети.

Цените на пиците се движат од 850 до 1.555 динари, равиоли со тартуфи чинат 975 динари, сицилијански лингвини со гамбори се нудат за 1.755 динари, а најскапо главно јадење е бифтек со путер од тартуфи, печурки и сос, кое чини 2.725 динари.

Во понудата се и традиционални италијански десерти како што се тирамису и панакота. Порција тирамису чини 655 динари, а најскап десерт е „Амалфи чискејк“ кој чини 765 динари.

Фото: Инстаграм/Џејмс Оливер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се заканува затворање на 800 туристички агенции ако се изземат од мерката „Ваучер за домашен туризам“

Редакција

Нов бизнис: Хотели во Гевгелија нудат преноќување и тестирање за Ковид-19 за српските туристи кои патуваат кон Грција

Редакција

Македонските и словенечките стопанственици со апел за поддршка на Словенија

Редакција