Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Троја – Франција информираат дека на учениците при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на овогодинешниот 30 јубилеен конкурс кој овој пат ја носеше темата „Спомени од иднината – Митови и легенди од мојата земја” доделени им се 20 индивидуални Благодарници – Признанија за учество со посебен акцент на индивидуалниот уметнички пристап на 20 ученици од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола.
УНЕСКО оваа светска детска ликовна манифестација ја реализира 30 години, а на годинешниот конкурс пристигнаа дела од над 70 земји во светот кои генерираа фонд од околу 4.000 дела од кои 840 ја поминаа првичната селекција по која и се доделени Благодарниците – Признанијата.
Втората фаза опфати 300 дела по што следеше номинација на 200 ученици за 100 награди или најдобрите 100 во светот во детско сликарство. УНЕСКО ги најави номинациите на 8-ми март 2023 година а ова се финалните резултати.
Од Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола има 12 ученици кои се меѓу селектираните – номинираните и наградените 300 до 100 дела од 70 држави и тоа: Фросина Полизовска (9 години) – Меланија Кондовска (14 години) – Велерија Костовска (16 години) која го освои и третото место – бронзен медал во категоријата млади уметници од 14 – 17 години и Ангела Цветковска (18 години).
Награди добија и учениците Никола Тасевски (10 години) и Јана Талеска (10 години) како и учениците Анастасија Наумчевска (14 години) – Сара Наумовска (14 години) – Ана Полизовска (14 години) – Леа Стерјев (14 години) – Марија Јанкуловска (15 години) Сирма Спиркоска (15 години) и Андреа Ресановиќ (15 години).
Посебна покана за посета на церемонијата на доделување Награди има ученичката Валерија Костовска и Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на Специјална церемонија на доделување на наградите која ќе се одржи на 3 јуни 2023 година во Espace Argence во Троја – Франција.
Овој успех доаѓа во година кога Министерството за култура за УНЕСКО програмата со акцент на 24-тата светска детска ликовна изложба – конкурс и колонија во Евора – Португалија на студиото им додели нула денари финансиска помош.
Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола беше единствениот претставник – учесник на УНЕСКО конкурсот за Македонија за што посебно Признание добива студиото и претседателката Елена Хаџи-Антоновска.
Патувањето на претставници од Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и наградените ученици засега како најавуваат од студиото за жал нема да може да се реализира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ