еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

Речиси 250 студентки по технички науки, од кои 14 од Македонија, беа дел од првиот заеднички состанок што се одржа во Истанбул во рамки на иницијативата Global Engineer Girls (GEG), која ја спроведува Групацијата Лимак, информираат од таму.

Покрај од земјава, на заедничкиот состанок беа присутни и студентки од различни градови од Турција, Косово и Саудиска Арабија, а целта  на состанокот беше вмрежување, споделување на искуства и запознавање со инспиративни примери на успешни професионалци и инженери.

Иницијативата Global Engineer Girls (GEG) има за цел да ги унапреди едукацијата и вработувањето на жените во СТЕМ-областа (наука, технологија, инженерство и математика), каде тие сѐ уште се помалку застапени. Оваа иницијатива ја спроведува Групацијата Лимак, предводена од Ебру Оздемир, претседателка на Управниот одбор.

„Навистина е неверојатно да се видат луѓе од различни географски области и култури тука во Истанбул. Студентките од четирите региони на GEG во Турција, Северна Македонија, Косово и Саудиска Арабија се обединети преку нашата заложба за диверзитет и родова еднаквост.

Среќна сум што сме сите тука заедно на оваа голема средба. Од сите мега проекти што ги има Лимак, Global Engineer Girls ми е омилен, а нашето семејство се зголемува секоја година“, изјави Ебру Оздемир, додавајќи: „Ја започнав оваа иницијатива затоа што од лично искуство знаев колку може да биде тешко за една жена да добие пристап и да успее во индустрија во која доминираат мажите. Целта ни е да помогнеме во зголемувањето на застапеноста на жените во СТЕМ-областа.

Оттука, гордо можам да кажам дека нашата програма досега има поддржано повеќе од илјада студентки и задоволна сум што ќе продолжиме да обезбедуваме едукација, поддршка и да охрабруваме уште повеќе девојки“.

Во рамки на програмата на глобалната средба се одржаа бројни панел-сесии на кои во улога на говорници учествуваа и Чаглар Ертугрул, познат актер и инженер, Феријал Озел, професорка по астрофизика, Гамзе Сарачоглу, модна дизајнерка, Тамер Атабарут, угледен академик и експерт за одржливост, Бану Китиш Дагистан, експерт за комуникации и писателка, како и активистката, писателка и претприемач Шудуфхаѕо Мусида, претседателката на Асоцијацијата на жени во технологија Зехра Онеј и претседателот на Агенцијата 4129, Алемшах Озтурк.

Средбата заврши со работилници и поединечни состаноци, како и изведба на џез пејачката Селен Бејтекин и светски познатиот оперски пејач и основач на Филхармонискиот оркестар Лимак, Мурат Карахан.

Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива која започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а потоа се прошири и во Македонија, Косово и Саудиска Арабија.

Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак и личните заложби на претседателката на групацијата, Ебру Оздемир, за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ-областа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добрата Влада, лошите трговци и загрижените граѓани

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 64 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.200

Редакција

Сите детали: Кои граѓани ќе добијат еднократна помош од 6.000 денари?

Редакција