еМагазин
Балкан

18 планинари се повредени, од кои двајца потешко од удар на гром на Триглав

Од удар на гром во Мал Триглав вчера биле повредени 18 планинари, од кои двајца потешко, кои биле префрлени на лекување во болницата во Љубљана.

Според првичните информации, нивните животи не се во опасност. Останатите планинари се полесно повредени и тие остануваат во Кредарица под лекарски надзор. Според извештаите, гром удрил неколку пати во областа каде што биле планинарите.

Инцидентот се случил кога група од 18 планинари се враќале од Триглав кон Мал Триглав и Кредарица.

Екипата пристигнала во областа Триглав со полициски хеликоптер, додека временските услови се уште биле поволни, а во меѓувреме ситуацијата многу се влошила, по што се започнало со класично спасување.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Порака на снег од татко до син, кој е во болница, хит на социјалните мрежи во регионов

Редакција

(ВИДЕО) Неуспешен обид за марш на неонацисти во Софија

Редакција

По завршувањето на процесот на аквизиција на Комерцијална банка а.д. Белград НЛБ станува трета по големина банка во Србија според актива

Редакција