еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

19-годишно момче загина во сообраќајка на патот Куманово – Липково

Деветнаесет годишно момче загина во сообраќајка на патот Куманово – Липково, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Се работи за лицето Р.А. од селото Никуштак.

Несреќата се случила вчера во близина на селото Оризаре, липковско, откако патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (21) од селото Никуштак, Општина Липково, во кое момчето било сопатник, излетало од коловозот.

Лекар од Здравствен дом Липково ја констатирал неговата смрт.

Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Системот на ФЗО профункционира – започна исплата на боледувањата, породилното остуство и разни рефундации

Редакција

„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда

Редакција

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

Редакција