еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

19-годишно момче од Турција почина на скопската клиника

МВР соопшти дека 19-годишен турски државјанин со престој во Скопје вчера бил примен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во тешка здравствена состојба по што починал.

Според полицијата, кај турскиот државјанин О.Ј. немало видливи траги на насилство.

Случајот бил пријавен вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“, а О.Ј. починал околу 12.40 часот.

-О.Ј. бил примен на клиниките околу 10.15 часот во тешка здравствена состојба. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мазутот поевтинува, цената на горивата останува иста

Редакција

(Видео) Централ парк во Њујорк „станува“ болница за заразени од корона вирусот

Редакција

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Редакција