Јавноста е згрозена од нечовечкото однесување на навивачите на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово, т.н. Балисти, кои на вчерашниот натпревар со Брера, не го испочитуваа едноминутниот молк за загинатите во пожарот во Кочани.
Фудбалската федерација на Македонија најави дисциплинска постапка за клубот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од клубот пак велат дека инцидентот го предизвикале околу 20 поединци, иако на снимката се слушаат многу повеќе гласови, кои скандираа, исвиркуваа, но и пееја песни за терористичката УЧК.
-За време на овој момент, група на поединци од трибините не ја почитуваа тишината, однесување кое не го претставува ниту клубот, ниту навивачката група во целост.
„Балистите“ кои вообичаено се позиционирани на трибината „Маршин Беќири“ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На мечот присуствуваа околу 3.000-4.000 гледачи, а само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување кое не ги одразува чувствата, солидарноста и почитта на поголемиот број од присутните навивачи, тврдат од таму, посочувајќи меѓу другото дека од почит тимот не ја ни прославил на вообичаен начин победата над Брера.
Фото: Шкендија