еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

22-годишен гостиварец силувал 13-годишно девојче, се запознале на „Снепчет”

Основното јавно обвинителство Гостивар покрена истрага против 22-годишен маж од Гостивар под сомнение дека извршил силување врз 13-годишно девојче, информираа од таму.

Според обвинителството, осомничениот и жртвата се запознале преку социјалната мрежа „Snapchat“. По неколку средби, девојчето одбило понатамошна комуникација, по што осомничениот започнал да врши притисок врз неа.

На 2. јануари, тој ја принудил да ги напушти своите другари и да влезе во неговото возило. Таму, ѝ го одзел мобилниот телефон, ѝ се заканувал и ја принудил на сексуален однос.

Јавниот обвинител побара притвор за осомничениот, бидејќи би можел да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и други сведоци или да го повтори делото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во февруари раст од 9,3% на депозитите и од 6,5% на кредитите

Редакција

Нови 47 случаи на Ковид-19 од 3.593 тестирања

Редакција

Затвор од 15 месеци за анестезилогот од Тетово кој за на Тик-ток снимаше пациенти и медицински персонал

Редакција