еМагазин
Image default
Македонија

22-годишната трудница која почина од Ковид-19 имала дијабет и проблеми со тироидната жлезда

Од Министерството за здравство (МЗ) информираа дека 22-годишната трудница која почина од Ковид-19 имала дијабет и проблеми со тироидната жлезда.

На 26. ноември таа од Клиниката за гинекологија била префрлена во ГОБ „8-ми Септември“ во многу тешка состојба. На Гинекологија била три дена поради комплицирана бременост, а породен бил и мртов плод со царски рез.

Нејзината здравствена состојба била многу лоша и таа за цело време била на респиратор.

„Третманот со респиратор продолжил и во ГОБ „8-ми Септември“ каде што била донесена во критична состојба. За време на лекувањето во двете институции преземени се сите мерки на интензивно лекување. И покрај тоа, пациентката починала на 9. декември“, информираа од МЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ковид-19 починаа 28 лица, меѓу кои и девојка на 22 години

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Новиот пакет мерки нема донесе ништо добро, туку ќе ја продлабочи кризата

Редакција

Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство

Редакција

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен транспорт на дрога во Охрид, пронајдени околу 100 килограми хашиш

Редакција