еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

23-годишен битолчанец на You tube пренесувал како полово злоупотребува лице со трајно душевно заболување

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.

„На 23. април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на You tube.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена,“ велат од Обвинителство,

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин: Целите на воената операција во Украина ќе бидат реализирани

Редакција

Обвинителот Пеливанов избран за времена замена на Русковска

Редакција

Протекувањето на гасот во „Северен тек“ е чин на саботажа, велат од Европската комисија

Редакција