Дваесет и пет годишна кавадарчанка и 28- годишен маж од Демир Капија се новите случаи на коронавирусот во Тиквешко, за МИА потврдуваат денеска од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Дознаваме дека кавадарчанката работи како медицинска сестра.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, појаснува дека двете лица засега се со лесна клиничка слика. Се работи на утврдување на контактите кои ги имале, со цел нивна изолација.
МИА/Фото: МЗ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаир рекордер: Како изгледа бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини
Во МВР моментално има 41 позитивни на корона вирусот, а 180 се во самоизолација
Детален преглед: Најмногу починати од Ковид-19 во Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.