еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БРАКО во само два дена испорача 14 возила за одржување на хигиена

За само два дена стручните лица во БРАКО подготвија и испорачаа вкупно 14 возила, од кои по 6 во Обединетото Кралство и САД и по едно во Полска и Хрватска, информираат од компанијата

„Клиентите во Англија, во Калифорнија во САД и во двете други европски држави го збогатија и обновија возниот парк за одржување хигиена на надворешни површини со најпродаваниот електричен модел GM 500 ze и надградената верзија на GM 636 Stage V, која што претставува нова генерација на возила, со потполно нови филтри за намалени издувни гасови.

Во пратките се најдоа и неколку возила од моделите GM400ze i GM424TR. GM400 од оваа година е достапно во целосна електрична верзија и e одлично осмислено и опремено возило со рачно управување кое со сите свои позитивни перформанси го освојува пазарот, додека моделот GM 424 TR е едно од најопремените возила дизајнирано за работа во секакви временски услови,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека благодарејќи на професионалноста, ангажираноста и посветеноста на инжинерско-техничарскиот кадар, БРАКО продолжува со континуитетот на производството на високо квалитетните урбани возила за одржување на хигиена и продолжува со испораки на возилата кон клиентите во целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бигорски манастир преполн за Велигден: Голем број на верници, Христовото воскресение го дочекаа во македонскиот Ерусалим

Редакција

Македонски телеком има повеќе приходи од мобилни услуги на малопродажно ниво од А1 Македонија

Редакција

Поради политичката криза во Црна Гора, можен и прекин на преговорите за членство во ЕУ

Редакција