еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Бигорски манастир преполн за Велигден: Голем број на верници, Христовото воскресение го дочекаа во македонскиот Ерусалим

Бигорски манастир синоќа, како и секоја година блесна во велигденска магија. Исполнет со верници од цела Македонија, присутните радосно го дочекаа христовото воскересение.

Владиката Партениј се обрати пред присутните да ги отворат своите срце, за Христос да влезе во нив, да ги исполни со благодат и мир, кои се повеќе од потребни, посебно со предизвиците на денешното време.

„За да се отвори вратата за пасхалното просвештение има еден клуч: нашата добра волја. Самите треба да посакаме. Како разбојникот на крстот кој посакал да биде со Христа. Иако во ужасната драма на Голгота тој бил праведно осуден, заедно со другиот разбојник од левата страна, сепак, во сиот тој страотен метеж и агонија, постапил благоразумно, богољубиво, го пронашол вистинскиот пат.

Го познал Христа, распнатиот до него, Го исповедал како Бог и побарал живот вечен. Мили мои, во метежот во кој денес се наоѓаме, обиколени од лажните надежи и залудните конформистички трки, да Го побараме, подобно на разбојникот, Христа распнатиот и воскреснатиот и да Му повикаме: ‘Спомни си за мене, Христе, во Царството Твое. Просветли ме и благослови ме!’ И Тој нема да нè остави, бидејќи е Бог Кој доброволно избра да пострада за нас, да биде распнат и да воскресне.

Тој не е тиранин што сака да владее над нас со сила. Самиот ни ја подарил и ја почитува нашата слободна волја, можноста во слобода да Го избереме и да извикаме кон Него: ‘Те љубам Христе, дојди во моето срце и просветли ме!,“ рече владиката Партениј.

Благодатниот оган во Бигорскиот манастир, пристигна подоцна од вообичаеното, па затоа и литургијата се одвиваше до раните утрински часови, по што следуваше причеста.

Како и за секој убав празник во Бигорски, и оваа година имаше запросување помеѓу верниците, за кои владиката Партениј даде благослов.

Помеѓу присутните гости имаше и личности од политичкиот и од јавниот живот.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одлучи: Во сабота полицискиот час ќе почне од 15, а во работни денови од 19 часот

Редакција

Досега 11.702 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, од нив 19 починале

Редакција

Предлогот за уставни измени не треба да се поддржи, не смее патот за Брисел да води преку Софија, кажа во Собрание Силјановска Давкова

Редакција