еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

39-годишна жена загина во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

Во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје загина 39-годишна жена од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Несреќата се случило во петокот навечер после наплатна станица Отовица. Се судриле возило „рено меган“, управувано од И.К. (41) од Скопје и товарно возило „фап“, управувано од З.Д. (57) од Гостивар.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.К. (39) и малолетник, двајцата од Скопје, сопатници во возилото „рено“.

-Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што била констатирана смрт на В.К., велат од МВР.

Со телесни повреди се здобиле и две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарното возило, М.З. (65) од Гостивар, констатирани во болницата во Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за еден денар

Редакција

(Вознемирувачко видео) Во стампедото за Ноќта на вештерките во Сеул загинаа најмалку 151 лица

Редакција

Сандаци со куршуми пронајдени на плажа во близина на хотел во Струга

Редакција