еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

41. Издание на „Браќа Манаки“: Соодветно ќе се одбележи, иако нема да се одржи на традиционален начин

На последното собрание на ДФРМ, беше ре-избрана Гена Теодосиевска за директор на ИФФК „Браќа Манаки”, а мандатот според Статутот на ДФРМ важи за следните две изданија на фестивалот.

На самото собрание, едногласно се донесе одлука во врска со овогодинешното издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки” дека истото нема да може да има традиционално издание со гости и со програма како изминатите 40 негови изданија, со оглед на фактот дека големи филмски фестивали од „А” категорија како Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани, како и со оглед на објективните состојби и последици предизвикани од пандемијата.

Она за што се согласни филмските работници е дека формата на одбележување на овогодинешното издание на фестивалот „Браќа Манаки”, треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор истата да се зачува.

Останува старо-новиот директор на фестивалот заедно со ДФРМ да изнајдат начин за достоинствено одбележување на 41.то издание на „Браќа Манаки”, кој е наш најголем и најзначаен филмски фестивал, како и можноста за инволвираност на неговиот домаќин во „новото нормално”, градот Битола.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Македонија доби „Премиум“ деловен центар: Како изгледа

Редакција

Излезе од печат поетската книга „Процвет” на поетесата Цветанка Невчева

Редакција

Поддршката од СОС Детско село за сопствен бизнис развој го поттикнува општествениот напредок

Редакција