еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

47-годишен маж убиен во Боговиње, убиецот фатен за 15 минути

Утрово во угостителски објект во Боговиње е убиен 47-годишен маж, А.Ј..

Убиецот, М.М. (50) е уапсен, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Убиството се случило околу 10 часот и 15 минути, а 15 минути подоцна убиецот бил фатен во своето возило „бмв“ во Тетово.

-При прегледот на возилото била пронајдена и одземена автоматската пушка со којашто го извршил убиството, велат од МВР.

Јавното обвинителство информираше дека има и сведоци – во угостителскиот објект имало и други лица кога се случило убиството

-Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука, велат од Обвинителството.

Издадена е наредба за обдукција на починатиот и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место.

-Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија ќе ги прекине воените операции во близина на фабриката „Азовстал“ и ќе дозволи хуманитарен коридор

Редакција

Бугарскиот претседател Радев од Брисел: Во втората половина на јуни се очекува напредок за преговорите за членство на Македонија

Редакција

Владата забрани извоз на пченица, инспектори ќе „бараат“ скриени залихи храна

Редакција