48-годишен работник од Тетово загина при изведување градежни работи

Маж на возраст од 48 години загинал вчера при изведување на градежни работи на приватна куќа во гостиварското село Градец.

Станува збор за И.А. од Тетово, а како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), тој загинал при обид да одглави заглавена сајла на кран. Притоа дошло до пукање на метален дел од конструкцијата кој го удрил починатиот во главата.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести