еМагазин
Image default
Локално

513 санкционирани возачи во Скопје: 148 за пречекорена брзина, 82 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од таму.

„На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 35 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 39, 82 санкционирани мотоциклисти и четири одземени мотори, 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска,“ се вели во соопштението.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нерачистени сметки се степале исленици во Италија: Детали од МВР за масовната тепачка во Центар Жупа

Редакција

Поранешниот возач на Хазби Лика пронајден мртов во својот автомобил во центарот на Тетово

Редакција

Две куќи целосно изгореле, трета оштетена во пожар во тетовско Седларево

Редакција