Жената на возраст од 52 години која неодамна беше пронајдена почината во нејзиниот дом во Кавадарци ја убил нејзиниот партнер, И.П. (42) од Кавадарци, кој е уапсен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали е убиена 52-годишната жена од Кавадарци, не се знае и колку време била почината
Тој, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) е осомничен дека ја убил со гушење.
Од МВР велат дека се обезбедени докази од кои е дојдено до сознание дека И.П. го сторил убиството.
ОВР Кавадарци против него поднесе кривична пријава за убиство, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена и тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.
Починатата С.С.С. беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
52-годишна жена од Кавадарци пронајдена почината, имала повреди на телото