Педесет и двегодишна тетовчанка е лицето, кое се најде во извештајот на Институтот за јавно здравје, која дури трипати се заразила со Ковид-19, неофицијално дознава „Фокус“.
Според информации на весникот, тетовчанката прв позитивен тест на коронавирусот добила на 25 јули, лани и во тој период не била хоспитализирана во болница. По првото заразување, единствениот симптом кој го имала била главоболка.
Според извори на весникот само неколку месеци подоцна, поточно на 6 декември, истата година таа по вторпат се заразила од Ковид 19 и повторно не била болнички третирана.
Педесет и двегодишната жена се заразува по третпат со вирусот на 19 јули, 2021 година.
Била вакцинира со две дози од кинеската вакцина Синофарм, а од коморбидети имала хронична бубрежна болест и висок притисок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела 23 лица повторно се заразиле со Ковид-19
Фото: МЗ