Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот до 12 септември 2021 година од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=5.106), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.174,0/100.000 жители.
“Регистрирани се 3.805 смртни случаи кај лица од машки и 2.472 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 4.627 (73,7% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.735), дијабет (n=1.559) и белодробна болест (n=693)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија починале 5 лица кои повторно се заразиле со Ковид-19
(Мапа) Најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители има во Кратово
За една недела 31 лице повторно се заразило со Ковид-19
Фото: МЗ