Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти
.Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа 14 лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 1.110
Убава вест: Оздравени 176 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје 162
1.285 нови случаи на Ковид-19 од 3.404 тестирања, во Скопје 522
Фото: МЗ