еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

910 набљудувачи и 32. странски новинари ќе ги следат изборите во среда

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24. април, објави Државната изборна комисија (ДИК).

Заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.

Изборите за шеф на државата ќе ги следат и 32 странски новинари, меѓу кои и од агенциите Ројтерс и Франс прес, како и бројни медиуми од соседните земји.

Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24. април, а вториот круг заедно со парламентарните на 8. мај.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Напад на Украинците на Русија: Во Белгород со хеликоптери уништија скалидиште со нафта, тврди Москва

Редакција

(Фото) Холивудска премиера на „Пајни: осамената елка“ – анимиран филм на кој работеше македонското студио „В Хаус анимејшн“

Редакција

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за Талат Џафери

Редакција