еМагазин
Image default
Македонија

Заев во телефонски разговор со Столтенберг: Расположението на граѓаните е разочарувачко и фрустрирачко

Премиерот Зоран Заев и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во телефонски разговор размениле мислења за одлуката на ЕУ да го одложи стартот за преговори на нашата земја за членство во унијата, информираат од Владата.

Премиерот Заев му го пренел на генералниот секретар Столтенберг расположението на граѓаните на земјата од историската грешка на ЕУ да не ги одобри очекуваните преговори за пристапување во полноправно членство како разочарувачко и фрустрирачко, наспроти фактот дека Македонија ги исполни сите услови.

„Тоа не треба и нема да влијае и на остварувањето на втората од двете најголеми стратешки цели на државата – членството во ЕУ, и од спроведувањето на реформите до крај за да ги имплементираме европските вредности во сите наши институции, во сите пори на нашето живеење“, истакнал во разговорот со Столтенберг премиерот Заев.

Во телефонскиот разговор со Столтенберг, премиерот Заев се заблагодарил за поддршката на НАТО во нашите евро-атлантски интеграции и истакнал дека Македонија останува посветена на заокружувањето на процесот за полноправно членство во алијансата, како нејзин стратегиски и суверен избор да биде следната, 30-та земја членка.

Премиерот Заев го информирал Генералниот секретар на НАТО за резултатите од лидерската средба кај претседателот Пендаровски, и за заеднички договорената согласност за организирање предвремени избори на 12 април идната година.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фридом Хаус регистрира назадување во владењеето на правото и борбата против корупцијата во Македонија

Редакција

МВР утврдила како затворената седница за случајот „Онишченко“ во Собранието заврши на Јутјуб

Редакција

Вања била врзана и изнесена од зградата преку подрумите во зградата каде живееше?

Редакција