еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Тортура“ почна од почеток

Поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното рочиште, судењето за предметот „Тортура“ кое се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски денеска започна одново.

На почетокот на рочиштето бранителот на обвинетите го оспори овластувањето на обвинителите Љубомир Лапе и Гаврил Бубевски да го застапуваат предметот, на што тие реагираа дека на минатото рочиште доставиле уредно овластување од државниот јавен обвинител.

Во предметот обвинети се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на „Алфите“, Ивица Антевски Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсење на Бошкоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и официјално стана 30.членка на НАТО

Редакција

Адвокатот на оштетените во несреќата кај Ласкарци: Разликата во машинското вештачење и во супер вештачењето е само заклучокот, другото е се исто

Редакција

Судењето против Лидија Димова продолжува на 3. март

Редакција