еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Солени мафини кои ги прeпорачуваат македонските кулинарски блогери

Сузана Марјановиќ е горда кулинарка која стои зад блогот Бибер и Ванила и редовно им се посветува на оние рецепти што се навистина изводливи, се прават со достапни намирници и не бараат вештини на италијански шеф на кујна за нивна подготовка.

Во последниот блог пост, таа го опишува нејзиното прво пробување на смесата за солени мафини од брендот Fantasia – неодамна промовирани на македонскиот пазар како нов бренд на “Макпрогрес.“

„Ги открив солените мафини на Fantasia на промоција во супермаркет. Искрено, првото нешто што ме привлече беше цената – што е многу поволна, а и самата промоција, затоа што работам во маркетинг и едноставно професионална деформација ми е да ги забележувам овие работи и да оценувам како се изведени.

Можете да замислите колку ми се допадна целата идеја за мафините и подароците што ги добив на промоцијата, штом оттаму си заминав со 6 пакувања мафини. А како супер-горда кулинарка и домаќинка воопшто не се задоволувам лесно во поглед на критериумите за јадење и досега мислев дека ако не го замесиш и испечеш сам, не е тоа – тоа. Но, не е така. Не мора жената да помине 7 часа во кујна за да има месени, домашни и вкусни јадења во домот.

Смесата за подготовка на мафините е истата што би си ја направила и сама по рецепт, сите состојки се природни и квалитетни, а разликата е единствено во тоа што се уредно спакувани и дозирани така што речиси и да не постои можност да направите “утка” во печењето или хаос во кујната. Кога сум правела мафини по рецепт, често се случува смесата да ја направам посува, додавајќи повеќе брашно од немарност или пак да ги презачинам. Со пакуваната смеса за солени мафини од Fantasia тоа не е можно. Само во еден длабок сад, ја истурате смесата, додавате јајца и масло, матите, истурате во калап и директно во рерна.

И луѓе, колку се вкусни… И не се суви, сите тоа прво ме прашуваат. Совршени се. Плус, јас понекогаш си додавам состојки по мој вкус, сецкани маслинки, салама… мафиниве со сé одговараат. Па така можам да продолжам да се фалам дека се мое дело. Во последната тура што ја правев за роденденот на маж ми, додадов парчиња сланина и им изрендав кашкавал одозгора –  мафините станаа поголеми ѕвезди од мојата славна руска салата.

Инаку, посебно ми се допаѓа тоа што и син ми почна сам да си ги подготвува, а баш сега е во фаза кога станува свесен дека брзо ќе се осамостои и ќе треба да поднаучи нешто од домаќинството.

А да, морам да го пофалам и куглофот на Fantasia – превкусен e. Ја купив и смесата за американски палачинки, но таа смеса сéуште ја немам пробано.  Едвај чекам!

Производиве се права „фантазија”. Најтопло ви ги препорачувам, пробајте и сами.“

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мицкоски горд на неговата сестра Ивана која стана доктор на науки

Редакција

Состојбата на 73-годишниот Македонец во Србија не е последица на вакцината, вели директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ

Редакција

Во сабота можност за локално невреме, од недела посвежо време

Редакција