еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Палењето на дивите депонии во околината на Скопје го загадува воздухот во градот

По Куманово, денеска Скопје беше еден од најзагадените градови во светот.

Една од причните за зголемување на нивото на загаденост во Скопје е и зачестеното палење на дивите депонии околу градот. Денеска на социјалните мрежи се споделуваа фотографии од запалена депонија во Бардовци, на која што се гори секаков отпаден материјал.

Инспекторатот на Град Скопје реагира по пријави на граѓани за вакви случаеви и противпожарните возила релативно брзо излегуваат на терен, но тоа само моментално го решава проблемот, бидејќи на истите локации повторно се пали.

Полицијата најчесто не излегува на терен со службите, бидејќи тие имаат само право да ги приведат затекнатите лица на местото на палењето.

Критични точки се мали и големи депонии во Вардариште, околу Ново Лисиче, Бардовци, Шутка, Карпош покрај Вардар, итн.

Фото: Фејсбук страница „Не биди ѓубре„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ се бори против аерозагадувањето – како членството ќе ѝ помогне на Македонија

Редакција

Во јуни велеше дека Бугарија не може да постави нови услови, сега Османи сигурен дека постојано ќе поставува нови барања

Редакција

Царините на САД најмногу ќе ја погодат работата на странските фабрики во земјава, велат од Finance Think

Редакција