еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во јуни велеше дека Бугарија не може да постави нови услови, сега Османи сигурен дека постојано ќе поставува нови барања

Во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е прилично сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи е прилично сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања

Во јуни годинава и во бројни други случаи пак тврдеше сосема поинаку.

-Бугарија не може да постави нови услови, бидејќи преговарачката рамка е затворена. Таа не може да се отвори ниту на барање на нашата опозиција, ниту на барање на бугарската опозиција, изјави тој на 15 јуни, повикувајќи да сме ја затвориле темата.

– Да ја затвориме темата, дека утре може некоја бугарска Влада да каже имаме нов услов. Нема нов услов. Преговарачката рамка е затворена, тврдеше тогаш Османи.

По ваквата драстична промена во ставовите на министерот остануваат да „висат во воздух„ многу прашања, а меѓудругото и на кој Османи треба да му веруваат граѓаните.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и топло и во наредните денови, повремено со пороен дожд и грмежи

Редакција

Обвинет во случајот „Тортура“ објасни како бил лишен од слобода Љубе Бошковски

Редакција

Германскиот министер Рот: Блокадата на Бугарија ќе ја загрози безбедноста на западен Балкан и Европа

Редакција