еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид со раст на извозот за 19% и нето добивката за 26%

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – септември 2019 година, продажбите на Алкалоид АД Скопје достигнуваат 6.305.476.687 денари, што е за 14% повеќе во споредба со истиот период од минатата година, информираат од компанијата.

„Вкупните консолидирани продажби пак достигнуваат 8.266.092.980 денари, што е за 15% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 7%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 19%.

Од вкупните консолидирани продажби, 35% се остварени на домашен пазар, додека 65% се остварени на странски пазари.

Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 9% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 278.615.173 денари што е 2 пати повеќе од лани, Русија со продажби од 538.437.567 денари што претставува раст од 95% и САД со продажби од 194.055.288 денари што претставува раст од 69% споредено со истиот период од минатата година.

Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Германија раст од 51%, Украина раст од 32%, Романија раст од 24%, Косово раст од 16%, Бугарија раст од 15%, Црна Гора раст од 10%, Србија раст од 9%, Словенија раст од 9%, Хрватска 7% итн. „, велат од компанијата.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 86%.

“Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 22%, Кардиолошките препарати со 15%, Антибиотиците со 15%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн.

Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 14% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 2%, Козметика со 8% и Билкарство учествува со 4%“, велат од компанијата.

Единечната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.308.826.329 денари, бележи зголемување од околу 22%, додека единечната нето добивка изнесува 764.835.749 денари и е зголемена за 25%.

“Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), достигна 1.337.473.830 денари и бележи раст од 22%, додека нето консолидираната добивка во износ од 738.604.635 денари е зголемена за 26%.

На ниво на групација нето профитната маржа за првите 9 месеци од 2019 година изнесува 8,9%, оперативната маржа е 10,4%, додека ЕБИТДА маржата изнесува 16,2%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на акциите на Алкалоид од јануари до септември се движеше од 8.200 до 11.500 денари

Просечната нето плата во Алкалоид за септември изнесува 46.686 денари

Алкалоид за девет месеци со инвестиции од 602,6 милиони денари и 127 нови вработувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запалено возило го испразни Ист Гејт Мол

Редакција

(Фото) Пожар кај Ајватовци кај репетиторите

Редакција

Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики

Редакција