еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како Заев го бранеше прогресивниот данок

„Замрзувањето“ на прогресивното одначување за три години, како и кога беше воведено, предизвика лавина од реакции во јавноста и социјалните мрежи.

Ве потсетуваме што премиерот Зоран Заев, зборуваше кога се воведе прогресивниот данок и како ја бранеше мерката.

“Иницијативата за воведување прогресивен данок е исклучително добра, фер и праведна и ќе гарантира фер и праведно општество за сите“, оцени тогаш Заев.

Според него, оваа иницијатива ќе придонесе да има праведно општество во Македонија, бидејќи парите од побогатите ќе се вратат кај најсиромашните и најзагрозените.

“За воведување на прогресивен данок имаше дебата уште од денот кога е создадена оваа Влада што е претежно левичарска и сака да гради фер и праведно општество за сите.

Со прогресивниот данок ќе бидат опфатени само најбогатите, односно околу еден отсто од граѓаните за кои ќе има оданочување од дополнителни осум отсто за приходите над 90.000 денари со што ќе се обезбедат дополнителни околу 25 милиони евра во Буџетот“, изјави Заев по воведувањето на прогресивниот данок.

Тој тогаш нагласи дека со мерката нема да биде опфатен дури ни тој кој има приход од 87.000 денари месечно, како ни младите ИТ-стручњаци и инженери чии приходи најчесто се околу илјада евра.

Како што посочи тогаш Заев, за луѓе со приходи од сто илјади денари ќе значи оданочување на разликата од 90 до 100 илјади денари, односно оданочување со осум отсто на 10 илјади денари или 800 денари повеќе данок месечно од досега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци“, вели Јовановиќ за пролонгирањето на прогресивниот данок

Тевдовски до пратениците на СДСМ: Ако го укинете прогресивниот данок не сте социјалдемократи

Владата „изненадува“: Прогресивното оданочување во мирување во следните три години

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледа Струга во новогодишно руво

Редакција

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

Редакција

Горан Козаров назначен за директор на Топлификација Битола, нов правен субјект на ЕСМ

Редакција