еМагазин
Image default
Бизнис

Можни прекини на телевизиската програма поради воведување 5G технологија

Агенцијата за електронски комуникации ги информира корисниците кои следат дигитална терестријална телевизија, DVB-T преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа дека поради воведување на 5G технологија и ослободување на фреквенцискиот опсег 694-790 MHz (дигитална дивиденда 2), предвидена е промена на каналите во одредени региони.

Промените ке се одвиваат по следниот редослед:

07.11.2019 година во периодот од 10:00 до 12:00 часот во зоната на распределба Боскија (Гевгелија, Валандово, Дојран и нивната поширока околина)

14.11.2019 година во периодот од 10:00 до 12:00 во зоната на распределба Боскија (Струмица, Радовиш и нивната поширока околина).

„При процесот на промена на каналите можни се делумни или целосни прекини на програмата. Во тој случај апелираме до корисниците за задолжително прескенирање на ТВ каналите на уредите за прием на DVB-T.

Корисниците на услуги преку кабелска и оптичка мрежа нема да бидат засегнати од овие промени“, информираат од АЕК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витаминка ја зголеми добивката во третото тримесечије

Редакција

Нема простор за паника: Брашно има, граѓаните да не трупаат залихи

Редакција

Тајванската компанија „Јагео” влегува во Македонија со 205 милиони евра инвестиција, треба да отвори 4.000 работни места

Редакција