„еМагазин“ е избран да биде помеѓу пионерите во новоформирано друштво, Клубот за ментална хигиена кој е создаден да прави една ментална чистота во нашето општество преку дизајн, литература, фотографија, индустриски дизајн, активизам борејќи се против кичот и „загадувањето“ во секоја смисла на зборот.
„Многу фирми се здружуваат, вмрежуваат во разни групи на интереси, каде заеднички си помагаат и ги развиваат сродните интереси, од комори, здруженија и платформи.
Членовите на клубот на ментална хигиена покрај потребата да се егзистира, го препознаваат и заедничкиот порив за продуктивност преку ментален напор кој води до креирање на автентичен производ, услуга или дело“, велат основачите на овој клуб.
Менталната хигиена е обележје и на годинешното издание на Skopje Design Week кој во фокус ги има земјите од поранешна Југославија. За време на одржувањето од 27 ноември до 2 декември ќе има бројни настани, изложби, работилници.