еМагазин
Image default
Македонија

Избрани нови директори на две клиники

Министерството за здравство информира дека по објавените јавни конкурси за именување директори во јавни здравствени установи, заклучно со вчера (6.11) се назначени нови директори во Универзитетска клиника за Детски болести и Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија.

„Универзитетска клиника за Детски болести, на местото на досегашниот директор – Катарина Ставриќ, за нов медицински директор се именува – Наташа Најдановска-Алулоска.

Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија, на местото на досегашниот директор, Славе Наумовски, за нов медицински директор се именува – Даница Поповиќ-Моневска“, информираат од Министерство за здравство.

Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со овој конкурс, за директори се именувани досегашните вршители на должност.

Исто така, за в.д. директори се именувани Насер Муареми, в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника по кардиологија и Џемиле Јусуфи, в.д. медицински директор во ЈЗУ Универзитетски институт по клиничка биохемија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алтернатива на Гаши за шефица на новото СЈО ја предлага Фатиме Фетаи

Редакција

Пендаровски повика на лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

Редакција

Обвинителство побара притвор за Митко Чавков поради страв од бегство

Редакција