еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Бугаринот Илхан Ќучук е новиот известувач за Македонија во Европарламентот

Бугарскиот европратеник од редовите на Либералите, Обнова, Илхан Ќучук, е новиот известувач за Северна Македонија во Европскиот Парламент.

Одлуката е донесена на комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

Ќучук доаѓа на оваа позиција за следните пет години на местото на Словенецот Иво Вајгл.

Улогата на известувачот во Европскиот Парламент е да ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на Северна Македонија, кои служат како основа за ставот на Европарламентот.

Илхан Ќучук е бугарски политичар од либералната партија „Движење за права и слободи“ (ДПС), која му припаѓа на либералдемократското семејство, Обнова, каде е член и партијата на францускиот претседател.

Ова е втор европратенички мандат на Ќучук, член е на Комисијата за надворешни работи и потпретседател на европската делегација во рамките на заедничкиот парламентарен комитет со Турција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, најзадолжена Грција

Редакција

Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и пак не нарече „Северномакедонци“

Редакција

„Јорганџиска улица“ во Старата чаршија инаугурирана во „Европска улица“

Редакција