еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесени предлог-измени на Изборниот законик за една изборна единица на парлaмeнтарните и отворени листи на локалните избори

Иницијативата за една изборна единица денеска поднесе два предлога за измени и дополнувања на Изборниот законик, соопшти денеска на прес-конференција во Собранието пратеничката Лилјана Поповска.

– Во првиот предлог побаравме да се направи промена од шест изборни единици на една изборна единица, а во вториот внесовме отворени листи на локалните избори, еднаков број жени и мажи и на локалните и на парламентарните избори и механизам за избор на паритетна застастапеност на советниците на листите, изјави Поповска.

Таа посочи дека Иницијативата за една изборна единица сметала дека со овие измени земјата ќе обезбеди еден подемократски модел, што од една страна претставува можност за сите политички субјекти да учествуваат на изборите и да бидат избрани и гласовите на граѓаните да не пропаднат, туку да се преточат во пратеници во Парламентот, а од друга страна, можност за граѓаните директно да се изјаснат и на кому му даваат приоритет на локалните избори.

На прашањето околу тоа дали имаат доволна поддршка за да се изгласаат предлозите во Собрание, Поповска нагласи имаат поддршка од над 61 пратеник, од владејачката СДСМ, како и од други партии.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патот на Галичица е затворен, луѓето не почитуваат, заглавуваат со возила и им создаваат проблеми на спасувачите

Редакција

Бизнисменот Сеад Кочан мора веднаш да се јави во затвор

Редакција

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Редакција