Предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец стартува на 3 декември во 10 часот, информираат од Кривичниот суд.
Судењето ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска.
Јовановски е првообвинет во случајот. Тој е обвинет дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“,
Јанева и Милевски се обвинети за „примање награда за противзаконито влијание“.
Јанева се товари и за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Јовановски и Јанева се уште се во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, а Кичеец е во домашен притвор.
Фото: Боки 13/Инстаграм
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.