еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Макпетрол“ ќе го продаде својот дел од сопственоста на „ГА-МА“ на Владата

„Макпетрол“ АД Скопје и македонската Влада заради конечно, законито и правично регулирање на своите сопственички односи во „ГА-МА“ АД Скопје, во согласност со Законот за енергетика и со Третиот енергетски пакет, кој е инкорпориран во Законот, побараа Медијација во Центарот за решавање на спорови на Енергетската заедница, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Со целосна поддршка од Енергетска заедница, постигната e согласност помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и Владата да се склучи Спогодба со која вонсудски ќе се завршат судските спорови во врска со „ГА-МА“ АД Скопје, по што согласно пазарна цена, утврдена со проценка од овластени проценители, „Макпетрол“ АД Скопје ќе го продаде својот дел од сопственоста во „ГА-МА“ АД Скопје на Владата. Во периодот што следи, „Макпетрол“ АД Скопје и Владата ќе треба да донесат соодветни правни акти за официјално потпишување на Спогодбата“, информираат од компанијата.

Оттаму додаваат дека Енергетската заедница се обврзала да ја следи имплементацијата на вонсудската спогодба и да ја дава потребната поддршка сè до конечно завршување на целата постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Споредба на надоместоците кои ги наплаќаат сите банки во Македонија

Редакција

Стапија во сила законските измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици

Редакција

Владата да направи се платите на функционерите да останат на нивото како досега, бара Пендаровски

Редакција