еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Во болницата „Жан Митрев“ има 10 апартмани од кои два луксузни

Во клиниката Жан Митрев има 128 болнички кревети, од кои на одделот Апартмани има 10 кои се распоредени во стандардни апартмани и во два луксузни.

Овој пристап во начинот на кој се нуди сместување на пациентите на едно високо хотелско ниво, е многу значаен во однос на развојот на т.н здравствен туризам. Пациентите од државата и регионот кои можат да се дозволат ваков болнички престој, всушност добиваат многу, бидејќи според опкружувањето, немаат чувство дека се во болница. А тоа многу влијае на нивната психичка состојба која има значајна улога во надминувањето на секој здравствен проблем и предизвик.

На овој оддел пациентите има целосна достапност до Интернет, LED ТВ, храна А-ла карт мени од ресторан „Пулс“ и мултидисциплинарен пристап во 24- часовната медицинска услуга за која е задолжен персонал кој 24 часа им е достапен на пациентите.

Освен долгиот временски интервал за посета на овој оддел постои можност за заеднички 24 часовен семеен престој во апартман по избор на пациентот. Со ова се дополнува третманот на пациентот и се врши едукација и подготовка на член од семејството за определени рехабилитациски техники кои можат да им помогнат во домашната рехабилитација по отпустот од болницата.

Секој апартман е опремен со уред за хромотерапија. Станува збор за осветлување кое е уникатно за овие простории и нуди софистициран третман со што се влијае на заздравувањето на пациентите.

Хромотерапијата, е метод на третман при што се користи видливиот спектар на бои и светлината за да се лекуваат различните типови на заболувања. И ова е стар вид на пракса којашто доведува до хомеостаза, односно до релативен баланс помеѓу духот и телото.

Секоја боја има своја енергетска вредност, а светлината е енергија, чијшто феномен, бојата, е продукт на енергијата и материјата. Заедно со бојата, светлината емитира топлина, електрицитет и магнетизам и на тој начин со своите составни бои може да го лекува умот, телото, но и духот.

Постојат доволно докази коишто ги покажуваат овие органски реакции во флората и фауната и не залудно на луѓето коишто страдаат од различен вид на постоперативни трауми и шокови им се сугерира да појдат во природа на рехабилитација и релаксација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за набавка на компјутери вреден 197.000 евра

Редакција

МВР со детали за убиството во струшко: Го испразнил пиштолот во нив откако тргнале на него со секири

Редакција

Мицотакис: Голема грешка е што во Договорот од Преспа се дозволи македонски јазик и македонската етничка припадност, но се стремиме кон добри односи

Редакција