еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Најниско платени професии во Македонија: Работниците можат само да сонуваат за просечна плата

Државниот завод за статистика ги соопшти најновите податоци за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен според кои во септември 2019 година таа изнесува 25.435 денари.

Податоците на ДЗС откриваат дека просечната плата во некои сектори e речиси двојно помала отколку државниот просек.

Прв на листата најниски просечни плати е секторот заштитни и истражни дејности со просечна плата од 13.664 денари.

На второ место е секторот производство на кожа и слични производи од кожа со просечна плата од 14.903 денари, а на трето место секторот рибарство и аквакултура со просечна плата од 15.563 денари.

Потоа следуваат секторите услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со просечна плата од 15.652 денари и производство на облека со просечна плата од 16.158 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ пет професии со највисока просечна плата: Програмерите убедливо на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската агенција за животна средина: Македонија е најзагадена земја во Европа

Редакција

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Редакција

Лекар од струмичката болница одбил да направи интернистичка анкета со граѓаните донесени во карантин

Редакција