еМагазин
Image default
Локално

Драма во Кавадарци: Пожарникари го спасија животот на возрасна жена

Вистинска драма се случувала синоќа во Кавадарци, при која пожарникари спасиле жена на возраст од околу 80 години, потврдија од кавадаречката Противпожарна единица.

„Дојде зетот кој побара помош оти никако не можел  да ја слушне на телефон бабата која живее на четврти кат, а не ја отворала влезната врата на станот во кој живеела. Бидејќи станот има блиндирана врата, а моравме да реагираме брзо, затоа што постоеше стравување да не и се случило нешто лошо, зедовме голема скала со корпа и еден од пожарникарите се качи на балконот на старицата.

Го скрши стаклото од балконската  врата и ја отвори. Влезе и ја најде жената во бањата во бессознание. Веднаш повикавме брза помош и полиција, а во меѓувреме и пружавме помош“, изјавија од Противпожарната единица.

Од Брзата помош во Кавадарци рекоа дека паднатиот шеќер бил проблемот, а сега жената била во добра состојба.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Трчањето како начин на живот, а трката како шлаг во Битола

Редакција

Пукање во Тетово при приведување на човек баран со потерница

Редакција

Измама во Скопје: Му дал пари на „полицаец“ за да прикрие измислена сообраќајка на ќерка му

Редакција