еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ренато Краљев: „Наше море“- малите нешта за големи достигнувања

Малите нешта ги прават големите работи да изгледаат како што ние ги перципираме, вели Ренато Краљев, мастер готвач и декан и професор за Задарскиот факултет за гастрономија.

Ренато има еднодневна презентација во склоп на Skopje Design Week, на која ќе ги пренесе тајните на гатсрономијата од Задар и околина и како малите нешта се клучот на успешен туризам и угостителство.

Задар разви одлична туристичка понуда базирана на мали локални настани, врвно кулинарство, фестивали и слични случувања, сезона која не трае само 2 месеци (јули и август) како на многу други приморски места.

Сите капацитети кои во последниве 5 години чиј број се зголеми за 200%, работат со полн капацитет од април до октомври. Зборувам за хотели, ресторани, кампови и други ХОРЕКА објекти. Не случајно Хрватскка увезува голем борј на сезонски работници од Македонија секоја година, и овој број само ќе расте во иднина, вели тој.

“Кај вас во Македонија во последниве 10 години се води малку негативна кампања за Хрватска, се зборува дека Хрватска е скапа дестинација, а дека Грција не е.

Секојпат се исткнуваат само цените во Дубровник, кој е скап град, но другите градови имаат идентични цени со вашите, кои можат да бидат за 20 до 25 проценти повисоки во сезона.

Анализите на пазарот покажуваат дека хрватските цени во поглед на тоа што ние го нудиме се многу попогодни и ценовно и културолошки, а да не спомнувам дека ние ја цениме многу Македонија и македонската култура, за разлика од другите земји”, додаде Ренато Краљев

Затоа и оваа голема презентација за време на Skopje Design Week, презентираме модерна хрватска, поточно задарска кујна во сабота со почеток од 19:00 часот под наслов “Taste of Zadar“ каде готвачите од ресторанот 4 Кантуна од Задар ќе се претстават со нивните автентични рецепти, порачува тој.

“Истиот ден држам мастер час за професионални готвачи, презентираме можности за вработување во ХОРЕКА секторот во Хрватска во реномирани туристички капацитети, и ја промовираме мојата книга “Кухарица” – тајните на далматинската храна.

Тежнееме од повеќе аспекти да ја доближиме хрватската култура и Хрватска како идна летна дестинација на сите Македонци и оние кои сакаат да заработат и оние кои сакаат да уживаат“, порачува тој.

Повеќе детали за Ренато Краљев на: ministryofpleasure.net и ministryofpleasure.net/gastronomy.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство објави листа на донатори кои помогнале со опрема и финансиски средства за време на корона кризата

Редакција

Поради големиот интерес, изложбата на илустрации на Кондовски ќе биде продолжена до 15 ноември

Редакција

ТРИ објави нова книга од Пауло Коелјо насловена „Хипи“

Редакција