еМагазин
Image default
Македонија

Македонско-бугарската комисија повторно без договор за Гоце Делчев

Како конструктивни и многу исцрпни ги оценија дискусиите за учебниците по историја за седмо одделение во Македонија и шести клас во Република Бугарија, како и за евентуално заедничко чествување на личноста на Гоце Делчев од македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања двете земји.

Средниот век, Османлиската империја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев се темите за кои разговараа членовите на Комисијата на Заедничката комисија меѓу Македонија и Република Бугарија на деветтата средба, која се одржа вчера и денеска во Софија.

Членовите на Комисијата вчера усогласија препораки за бугарските учебници и започнаа дискусија за македонските учебници. По усвојување на една препорака за македонските учебници, комисијата ја заврши работата за првиот ден од средбата, а денеска продолжила со прашањето за евентуално чествување на Гоце Делчев.

„Во исцрпувачката дебата, двете страни разменија и идеи и предлози за форматот и содржината на текстот кој би можел да ја образложи потребата евентуално за заедничко чествување. Сепак, на крајот членовите на Комисијата не успеа да направат напредок по ова прашање. Дискусијата по ова прашање, како и тоа за препораките за македонските учебници по историја за 7 одделение ќе продолжи на следната средба“, велат од македонскиот тим.

Оваа средба е шеста и последна средба за оваа година. Досега, Заедничката комисија има одржано осум средби и препорачано на владите на двете држави заеднички чествувања на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Надвор од активностите на работата на Заедничката комисија, членовите на македонскиот тим во изутринава го посетија гробот на Крсте Петков Мисирков каде што положија цвеќе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВО ЖИВО) Демонстрантите за случајот „Монструм“ го нападнаа полицискиот кордон, неофицијално има повредени полицајци

Редакција

За бројчаникот на Порта Македонија Заев платил 7.000 евра

Редакција

Перински тврди дека го почитувал законот за Пречистителната станица, Арсовска најавува документи до Обвинителството

Редакција