еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Мурати има куќа и два стана

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле уставните судии, кои деновиве се актуелни по најавата дека Уставниот суд ќе расправа по иницијативата за преиспитување на законитоста на членот 11 од Законот за помилување од 2016 година, а со кој се овозможи да се укине помилувањето што го даде тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Каков имот пријавил Сали Мурати?

Судијата од Уставен суд, Сали Мурати од 1 ноември е новиот претседател на овој суд.

Според неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал судија, како заеднички имот пријавил куќа во село Врапчиште, Гостивар од 180 метри квадратни, проценета на 5,5 милиони денари, стекната од наследство.

Како заеднички имот пријавил и стан во Скопје од 75 метри квадратни, проценет на 3,4 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Како личен имот пријавил стан во Гостивар од 54 метри квадратни, проценет на 2,5 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Вози Опел Астра, а на име на децата пријавил и возило Ауди 6.

На име на сопругата пријавил благородни метали, а на свое име, заем, побарување и закуп на деловен простор…

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Ајдари има стан и куќа, а вози Мазда 3

Кои се уставните судии кои ќе имаат пресуден збор за Законот за помилување?

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лицата во изолација во Македонија ќе се следат преку мобилна апликација

Редакција

Ќе има ли предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските?

Редакција

(Видео) Ураганот Флоренс ги зеде првите жртви во САД

Редакција